23/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод Католички Божиќ

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници од католичка вероисповед и граѓани кои го сметаат времето според Грегоријанскиот календар им го честита празникот Рождество Христово – Божиќ.

„Божиќ – радосен празник на христијанската вера што буди најубави возвишени чувства, почеток на новата надеж, симбол за раѓањето на Исус Христос. Со молитва, радост и благодарност да се прифати Божјиот глас кој одѕвонува како патоказ за достоинствен живот и победа над темнината падната врз човекот и земјата.

Нека Христовата свтлина биде поттик сите да создават добри дела, да живеат во мир и хармонија, да ги прати семејна среќа, бериќет и благосостојба.

Нека е честито Рождеството Христово – Божиќ!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.