ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод Меѓународниот ден на балканските Египќани
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до сите граѓани кои го празнуваат Меѓународниот ден на балканските Египќани.
„Меѓусебната толеранција ги гради темелите на доверба и почитување како универзални вредности кои треба да се негуваат.
Египќаните се интегрален дел од македонското општество, па затоа Охрид и Република Македонија треба да се стремат за подобрување на социјалниот и политичкиот статус и заштитата на нивните права.
Нека Ве прати семејна среќа, бериќет и благосостојба.
Нека е честит Меѓународниот ден на балканските Египќани!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.