ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите
„ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитки до припадниците на ромската заедница по повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.
„Ромската заедница со негувањето на ромскиот етнички и културен идентитет е нераскинлив дел од нашето македонско општество.
Моделот на почитување на различностите е најголемата сила на Охрид и Македонија. Охрид исклучително го цени придонесот на ромската заедница во културниот, политичкиот и економскиот живот во градот.
Кохезијата меѓу заедниците, особено инклузијата на Ромите се задачи на сите граѓани.
Најсрдечно Ви посакуваме убави празнични денови, многу радост, здравје и љубов.
Нека е честити 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.