ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод празникот Курбан Бајрам
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници од исламска вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам.
„Курбан Бајрам е празник кој потсетува дека треба да им се помага на другите, ден кога богатата трпеза се споделува со сиромашните.
Охрид и Република Македонија имаат вековна традиција на помагање помеѓу различните верски заедници и тоа треба да се пренесе и остави на идните генерации.
Да ги негуваме човековите вредности, почитта и меѓусебното разбирање.
Упатуваме искрени честитки и добри желби за секој верник преку почитување на хармоничните односи меѓу луѓето и стремежот кон мир и благосостојба.
Честит Курбан Бајрам!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.