ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод празникот Вера, Надеж, Љубов и мајката Софија
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници им го честита христијанскиот празник Вера, Надеж, Љубов и мајката Софија.
„Вера, Надеж, Љубов е празник кој има трагична историја, но се чувствува лесно и радосно. Верата е зракот, љубовта – сончевиот круг, а надежта е светлината. Сите тие сочинуваат еден блесок и еден сјај.
Верниците нека се воздржат од секакви зли мисли и да се посветат на љубовта кон ближните со добри дела, со смиреност на душата, со покорност на Божјата волја.
Нека воспитувањето да се има вера во себе си и во Бога, надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот биде водилка на сите луѓе.
Споменот за четирите христоподобни души е оддавање почит на нивната неспоредлива храброст и упорност, на големата сила на духот.
Нека мудроста, храброста и упорноста биде водилка за сите граѓани да истраат пред темните облаци што надвиснале над Република Македонија.“ – стои во честитката.