29/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка за Рамазан Бајрам

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници од исламска вероисповед им го честита големиот празник Рамазан Бајрам.

„Празникот Рамазан Бајрам е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста и мирот.

Во Охрид преку почитувањето на верската различност и негувањето на толеранцијата секогаш сме ги граделе темелите на меѓуетнички и меѓурелигиски соживот. Токму овој празник е момент кога тие темели се јакнат и зацврстуваат исполнети со толеранција и соработка за напредокот на нашето општество. Пред историските премрежја и предизвици да се обединиме во зачување на вредностите на Македонија како гордост за идните генерации.

Во духот на празникот, упатуваме честитки со желби за лична среќа и духовен мир.

Честит Рамазан Бајрам!“ – стои во честитката.