25/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка за Велигден

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни христијани им го честита најсветлиот празник, Воскресение Христово – Велигден.

„Христовото Воскресение е животворен ден, една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж.

Велигден нѐ потсетува ако еден сон ни се чини дека умира, да веруваме дека со волјата Божја може повторно да воскресне и да се исполни.

Овој празник е пример за тоа како единствено со чесност и достоинство можеме да создадеме поубаво утре за нашите деца и идните поколенија.

Ви посакуваме убави празнични денови, многу љубов и хармонија во вашите семејства, добро здравје и духовен мир во вашите домови, многу радост, успех и слога.

Нека е честит и вековит празникот!

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, ВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.