27/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со повик до граѓаните за учество на утрешниот настан на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со повик до граѓаните за учество на утрешниот настан на Градскиот плоштад со почеток во 12 часот.

„Во Охрид и Македонија владее очај, апатија без никаква иднина.

Веќе три години владеење на СДСМ наместо владеење на правото видовме корупција и криминал, наместо решавање на проблемите на граѓаните и капитални инвестиции видовме продавање на државните интереси.

Неправдата мора да престане, неработењето и неспособноста на власта предводена од СДСМ мора да се промени.

Владеење на правото и економски просперитет се невозможни со Зоран Заев и СДСМ на власт.

Нашите деца заслужуваат подобра иднина.

Токму поради тоа Ве повикувам утре, 16 ноември сабота, во 12 часот на градскиот плоштад, на разговори со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за обнова на Македонија со вашите идеи, сугестии и предлози, ќе креираме решенија и програми.

Заедно да го поразиме заевизмот, неправдата, сиромаштијата и ќе ја обновиме Македониија.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со вас ќе го трасира патот за поубав Охрид и обновата на Република Македонија.“ – истакна претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев.

https://www.facebook.com/153959557949814/videos/2553469311409369/