ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга со честитка за Воскресение Христово – Велигден
ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден и им посакува на сите граѓани во Република Македонија, овие празнични денови да ги поминат во мир и благосостојба.
„Велигден ги празнува победата на доброто врз злото и триумфот на животот врз смртта.
Следејќи го примерот на христијанските начела и вредности за љубов, хуманост и толеранција кон своите ближни и сограѓани, само така сплотени и обединети, можеме да го победиме мракот кој надвиснал над нашата Македонија. Нека овој празник не поучи дека само со хуманост, чесност и самопожртвуваност, можеме да се избориме за подобра иднина на новите генерации. Нека ни дава сила да ги издржиме овие тешки историски времиња и да си ја сочуваме нашата татковина, горди и достоинствени засекогаш.
Ви посакуваме добро здравје, духовен мир и спокој!
Нека ни е честит и вековит празникот Воскресение Христово – Велигден и за многу години!
Христос воскресе!
Навистина воскресе!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.