29/11/2024
Дебрца

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Дебрца се превработува

ВМРО-ДПМНЕ ОК Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Кога се наоѓаме во најлошата пандемија Градоначалникот Ногачески следејќи ја својата партија СДСМ распишал тендер за привремени вработувања. Дали и покрај тоа со неговото доаѓање откога вработи 6 луѓе сега повторно ќе бидеме сведоци на нови вработувања кои ќе се случат и општина Дебрца ќе стане најмногу превработена општина во државава, дали Ногачески кој што обвинуваше дека општина Дебрца е превработена пред да дојде на власт сега прави се спротивно на тоа што ветуваше, а тоа се разбира буквално за се сто ветуваше во неговата кампања.

Почитувани го прашуваме Ногачески дали некои советници во советот се посовесни од него и не му го прифатија предлогот за ребаланс на буџетот во висина од 1 милион денари за привремени вработувања кратејќи средства од ставка за изградба и реконструкција на лпкални патишта или пак ќе бидат повикани на пеење и на наредната седница ќе помине ребалансот и слободно ќе можат Ногачески и СДСМ предизборно да си вдомат партиски војници во општина Дебрца која станува преврсботена иако долговите кои ги прави Ногачески растат од ден на ден ама за тоа во друга прилика ќе обзнаниме.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Дебрца.