ВМРО-ДПМНЕ: Поважни ли се политиката и патувањата отколку животот на поплавените граѓани?
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Општина Охрид под контрола на градоначалникот Јован Стојаноски целосно потфрли во реакцијата за поплавите.
Јавно го прашуваме градоначалникот Стојаноски поважни се политика и патувањата отколку животот на поплавените граѓани?
СДСМ и нејзините полтрони тераат политика, а граѓаните чии домови пливаат во вода сами се борат со поплавата.
За изборите им ветуваа сè и сешто на жителите на Косел и Железничка само за да ги добијат нивните гласови, а сега ги нема да се појават меѓу нив кога им е најпотребно.
Зошто градоначалникот и пратениците Тунтев и Лазаревска не се на терен меѓу граѓаните кои доживеаја штети од поплавата?
Земаат од народот пари за патни трошоци за да не се јавуваат за помош на охриѓани?
Ја повикуваме Локалната самоуправа веднаш да реагира за да им се помогне на поплавените граѓани затоа што токму овие проблеми на жителите на Косел и Железничка беа посочени како горлив проблем од Градоначалникот во предизборието кој пак вети дека ќе ги реши.
Факт е дека нив не ги интересираат граѓаните сега и затоа не ни прашаа на терен што им е потребно на жителите туку единственото што го прават се обиди за внесување на гнев и дополнителна омраза.
Уште еднаш се докажа дека на Градоначалникот и СДСМ не им е до граѓаните и не покажуваат солидарност со настраданите граѓани и меѓусебна соработка за надминување на последиците од поплавата.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.