ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија повеќе не е правна држава, се тргува со правото за реализирање на политички амбиции
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван од потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски денеска и утре се дел од политичкото собрание организирано од Европската Народната партија во Брисел во рамките на Европскиот парламент.
Мицкоски на маргините на политичкото собрание оствари повеќе разговори и билатерални средби меѓу кој и со Европратениците Едвард Кукан и Милан Звер.
-Имав можност да ги запознаам моите соговорници за сите оние неуспеси во Република Македонија, за вистинската реалност и секојдневие во Република Македонија, во економијата, во образованието, за сите оние криминалии во здравството за сите оние криминални иновации кои што ни беа секојдневие во изминатиот период. Но, она што најмногу ги загрижи моите соговорници, мене но и сите граѓани во Република Македонија е практично е што Република Македонија повеќе не е правна држава и Република Македонија не е држава во која што владее правото.
Практично, се тргува со правото и правдината за реализирање на политички амбиции истакна Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека има основани сомневања дека ваквото владеење на власта може да резултира со нерегуларности и фалсификување на претстојните избори.
-Ги запознав моите соговорници за нашите стравувања дека Зоран Заев бегајќи од предвремени озбори сака да ги украде претседателските избори, односно истовремено сето она кое што се случуваше изминатиот период да биде определен вид доказ за неговите намери да ги украде претседателските избори. Организирањето на фер избори мора да стане услов за напредок на европските интеграции, истакна Мицкоски.