ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Георгиески не направија ништо за младите и спортот во Лескоец
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција во врска со спортските игралишта во Лескоец, на која говореше Александар Здравевски, претседател на УМС Охрид.
„Власта на СДСМ заедно со Агенцијата за млади и спорт ветуваа развивање на спортот, особено кај младинските категории во Охрид.
Од ова место во Лескоец ветуваа значителни инвестиции во спортската инфраструктура како и фудбалски стадион со кој ќе се гордеат сите.
Но од ултра модерниот стадион за жал нема никаква трага.
Сликата којашто може да се види тука, но и на сите други спортски игралишта е дека тие се во катастрофална состојба.
Никаква трага нема ниту од реконструкција на детското игралиште, ниту е изградена спортска сала во рамките на училиштето.
Ова ли е грижата за најмладите и спортот?
СДСМ и Георгиески не изградија ниту едно современо спортско игралиште.“ – истакна Здравевски.