ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Крлеска најмногу ги боли довербата кон Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ и проектите кои ги реализираме
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати реакција до медиумите во врска со прес-конференцијата на Кристина Крлеска и СДСМ.
СДСМ и Кристина Крлеска, претседателка на ОО СДСМ Охрид немаат ниту лице, ниту право да кажуваат кој ги изневерил охриѓани. Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Кирил Пецаков има тројно поголема доверба од охриѓани за разлика од вас. СДСМ и Крлеска, најмногу ве боли таа доверба и проектите кои се реализираат на секое едно место низ Охрид.
Додека назадуваме со централната власт и сите институции со кои раководите, Охрид со оваа Локална власт напорно работи и се развива во сите сфери:
– Реконструкција на булеварот „Македонски просветители“;
– Започната е процедурата за изградба на училишна спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец;
– Стипендии за ученици, студенти, лица со посебни потреби и ретки болести, награди за ученици, наставници и првенци на генерации, еднократна помош за првачиња и студенти;
– Изградба на нови мултифункционални спортски игралишта;
– Во Касарната отворени се Младински Центар Охрид и Дневен центар за лица со церебрална парализа;
– Изградба и реконструкција на спортски и детски игралишта;
– Асфалтирање улици, изградба и доизградба на водоводни системи, фекална и атмосферска канализација насекаде низ Охрид;
– Огромна поддршка за спортските и културните настани и манифестации;
– Донесени две нови инвестиции… и уште многу проекти и дела!
Неработници од СДСМ, создадени сте само за опструкции на проектите и експерти сте за презадолжување на општината. Главни опструенти сте за Катната гаража и плоштадот „Крушевска република“ и веќе две години не издавате одобрение за градба и претходно конзерваторско мислење. Иако ја затекнавме презадолжена Општина Охрид заедно со очајното раководење на јавните претпријатија сега сме на прагот Општината да се раздолжи и по многу години да има нормално функционирање.
Наместо да кажувате приказни за мали деца во кои ви веруваат единствено партиските поставени директори од Галичица, за брзо време има да се уверите и Крлеска и СДС колку ви вредат зборовите, а тоа најдобро ќе ви го докажат охриѓани на изборите.
Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ го оправдаа дадениот глас на охриѓани!
Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ ја оправдаа довербата од охриѓани!
Продолжуваме уште подобро и уште повредно со проекти и дела за сите во Охрид!“ – стои во рекцијата од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
WebOhrid / 05.11.2023 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид