ВМРО-ДПМНЕ со барање до Советот за нова точка на дневен ред со цел поништување на одлуките за поскапување на цените на водата и одведување отпадни води
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати барање до Советот за нова точка на дневен ред со цел поништување на одлуките за поскапување на цените на водата и одведување отпадни води.
„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата достави барање за наредната седница на Совет на општина Охрид на дневен ред да биде поставена: Информација со предлог одлуки по однос на одлуката за давање на согласност на одлуката за утврдување на тарифи за вода на МЈП „Проаква“ и Одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води за регулиран период 2018-2020 година на ЈП „Нискоградба“ – Охрид.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе се грижи за намалени трошоци и подобрување на животнииот стандард и услови за граѓаните.
Според тоа, утврдувајќи ја штетноста на овие одлуки ја поднесуваме оваа информација до Советот на општина Охрид со барање предметните одлуки да бидат поништени и во сила да се вратат старите ценовници. Му препорачуваме на градоначалникот Јован Стојаноски со домаќинско работење, штедење и давање на работа на Јавните претпријатија да го санира евентуалниот минус во работењето на јавните претпријатија а не вака на терет на граѓаните да ги полни касите на јавните претпријатија. – стои во соопштението.