ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и Георгиески нема поддршка за културата
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Културните манифестации и творештвото за СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не се вредности за почит и грижа со кои ќе се зачува културното и духовното богатство на Охрид.
Со СДСМ и градоначалникот Георгиески правиот пат значи кратење на два и пол милиони денари за реконструкција на домовите на култура во Љубаништа, Кошишта и Радојца Новичиќ.
Охрид и светот нема да видат Монографија за градот и промоција на културно историско наследство и природни убавини на Охрид.
Зошто се кратат средства за издавање Монографија за црквата „Свети Јован Богослов-Канео”?
Зошто нема поддршка и развој на филмската уметност преку Францускиот филмски фестивал и Балканскиот филмски фестивал?
Санацијата и одржување на споменици ќе почека подобри времиња.
Зошто ги кратите средствата за поддршка на литературни изданија посветени на Охрид?
СДСМ крати средства за поддршка на млади и издавање научни и литературни дела за значајни охридски културни, историски и научни дејци.
СДСМ и Георгиески кратат на литературна дејност за поддршка на млади литературни автори и поддршка на литературни изданија на роднокрајните писатели.
СДСМ и Георгиески не се грижат за промоција на културното наследство на Охрид и за издавачката дејност.
Со СДСМ и Георгиески нема поддршка за културата!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.