23/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Средството со кое ЈП „Охридски Комуналец“ вршеше дезинфекција не смеело да се користи во присуство на деца

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Со надзорот во детската градинка се потврдија нашите сомневања дека ЈП „Охридски Комуналец“ не поседува дозвола издадена од Министерството за здравство за вршење на дезинфекција на детски градинки, училишта и јавни површини. Во повеќе наврати бевме сведоци на нивно незаконско работење и кршење на здравствените и безбедносните протоколи, и од тие причини сега конечно им е издадена забрана за вршење на дејност дезинфекција во затворени простории.

Утврдено е дека средството со кое е вршена дезинфекцијата не смеело да се користи во присуство на деца.

Ги повикуваме институциите до крај да ја завршат постапката и да изречат соодветни санкции на инволвираните.

Бараме од страна на Локалната самоуправа и Градоначалникот јавно да се извинат на родителите на дечињата за загрозувањето на нивното здравје, а потоа да се побара и лична одговорност од раководните лица учесници во овај немил настан, што за среќа не остави трајни последици по децата.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.