23/11/2024
Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Струга кажа НЕ на сите лаги и разединувања на оваа антидржавна власт

ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„Почитувани сограѓани, почитувани стружани. Сакам да Ви се заблагодарам за вчерашната поддршка и храброста да застанеме сите рамо до рамо во одбрана на Република Македонија.  Покажавме огромна сила и моќ. ВМРО-ДПМНЕ-Струга кажа НЕ на сите лаги и разединувања на ова антидржавна власт! Народот го крена својот глас и му кажа НЕ на Зоран Заев и неговата уништувачка политика. Предвремени парламентарни избори ќе има и МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ, ОВОЈ СИЛЕН НАРОД ЌЕ ПОБЕДИ!“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.