ВМРО-ДПМНЕ Струга подели пакети со продукти на граѓани на кои им се потребни
„Кога човештвото ќе се обедини, не постојат граници!
Во пресрет на големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга подели пакети со продукти на наши сограѓани, на кои им се потребни.
Солидарноста носи успех, а секоја подадена рака е причина за насмевка, со надеж за подобро утре!“ – информираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.