ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш бара неотповиклива оставка од страна на претседателот на ДИК, Александар Чичаковски
Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани присутни,
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш бара неотповиклива оставка од страна на претседателот на Државната Изборна Комисија, Александар Чичаковски затоа што имавме скандалозно спроведени избори во Република Македонија.
Тоа го констатираа и граѓаните преку масовно присуство на полицијата, преку избирачки ливчиња во Кисела Вода беа наоѓани од Карпош, од Карпош во Кавадарци, од Кавадарци во Битола, од Битола во Велес, избирачки ливчиња беа наоѓани важечки низ целата територија на Република Македонија. Тоа е толку голем пропуст со кој што претседателот на ДИК, веднаш неотповикливо треба да поднесе оставка.
Почитувани присутни,
Ќе цитирам еден дел кој што се однесува исто така од извештајот на ОБСЕ: „Резултатите на национално ниво во првиот круг покажаа дека од 922 ливчиња меѓу бројот на подадени гласачки ливчиња и гласачи кои што гласале на изборите за градоначалник“.
Значи внимавајте имаме ситуација каде што директно и преку извештај на ОБСЕ се оспорени резултатите на 922 избирачки места, на околу 3.000 места во Република Македонија. Тоа значи дека имаме сомнеж за една третина избирачки места, односно ситуација во која што имаме бугарски воз, манипулации, исчезнати гласачки ливчиња, лица кои што не се потпишале во избирачкиот список а гласале. Уште еднаш од 3.000 избирачки места во Република Македонија, со извештајот на ОБСЕ имаме сенка врз 922 избирачки места.
Понатаму, ако го гледаме извештајот на ОБСЕ има уште една работа која што може да се цитира „Државната изборна комисија ги одби сите приговори каде што членовите решаваат долж политичките линии, спротивно на барањето на непристрасност“. Значи имаме ситуација во која што во ДИК повторно се одлучува врз основа на политичките линии. Тоа ли беше целта кога под наводници експерти беа вметнати и внесени во ДИК.
Имаме претседател на ДИК, Александар Чичаковски кој што своевремено одел на митинзи на СДС. Имаме генерален секретар на ДИК, чија што сопруга е втора на листа за Град Скопје на Социјалдемократскиот сојуз, а која што претходно била советник на СДС во Аеродром.
Зарем е тоа непристрасност на ДИК? ДИК ваква каква што е испостава на СДС. ДИК ваква каква што е ги спроведе најлошите и најскандалозните локални избори во историјата на Република Македонија. Од тие причини почитувани присутни, јас ќе го сумирам накратко она што е сржта и суштината на оваа прес конференција и тоа е следното.
ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија веднаш и неодложно бара оставка од страна на Александар Чичаковски за претседател на ДИК, затоа што Државната Изборна Комисија катастрофално ги спроведе изминатите локални избори во Македонија затоа што ДИК е испостава на СДС, затоа што имаме директен сомнеж од околу 3.000 избирачки места во 922 избирачки места тоа е нотирано и напишано во извештајот на ОБСЕ.
Ако имаме проблематични и сомничави избори во 922 избирачки места тогаш тоа зборува дека ние имаме скандалозен, катастрофален и нерегуларен избирачки процес.
https://www.youtube.com/watch?v=x1THD3xPyMk