26/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Уште колку казни треба да напишат институциите за Георгиески да го разреши Грданоски?

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Депонијата Буково гори, казните се редат, а Георгиески крева раменици додека здравјето на граѓаните е во опасност.

И Државниот Инспектор за животна средина – Охрид на лице место константира дека гори депонијата Буково.

Доказ за тоа е и изречената казна за Директорот на ЈП ,,Охридски Комуналец”.

Ако Георгиески постојано го следи функционирањето на депонијата тогаш уште што треба да направат институциите за тој да го разреши Грданоски?

Бараме веднаш да се изгасне опожарениот дел на депонијата со прекривање на земја и други мерки за гасење, а надлежните уште построго да реагираат преземајќи ги сите законски санкции и мерки.

Георгиески и Власта не се способни да го решат проблемот со депонијата Буково.

Следува казна за Георгиески, а со промената на Власта доаѓаат подобри времиња за Охрид и охриѓани.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.