22/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Веќе 2 дена граѓаните се без вода поради дефект на „Македонски просветители“, „Абас Емин“ и околните улици

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Локалната власт и градоначалникот Константин Георгиески на жителите од централното градско подрачје им ги ускратија основните услови за живот.

Дефектот на улиците „Македонски Просветители“, Абас Емин” и околните улици ги остави граѓаните без вода.

Веќе два дена граѓаните се оставени без вода и самите треба да го решаваат проблемот со водоснабдувањето.

Зошто градоначалникот Георгиески и директорот на ЈП „Водовод“ ветуваа „Живот за сите“, а сега ги оставаат граѓаните без вода?

Ваквото однесување на Локалната власт е безобразно и нехумано затоа што во време на КОВИД-19 криза граѓаните се оставени без вода.

Локалната власт на СДСМ и Георгиески веднаш да ги реши проблемите со водата и да им овозможи на жителите непречено снабдување со вода.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.