27/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Власта и градоначалникот Георгиески не можат да се справат со урбаната мафија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не можат да се справат со урбаната мафија. Георгиески дозволува секојдневно со дивоградби да се узурпира крајбрежјето на Охридското Езеро.

Најпрвин хотели, потоа следуваа објекти и пицерии во строгиот центар, па бетонски бази, за сега ѕидови кај Градиште и најнова дивоградба кај Свети Стефан.

Зошто Георгиески молчи кога пред негови очи никнува нова дивоградба на крајбрежјето и се сечат дрва кај Свети Стефан?

Георгиески веднаш да започне да работи согласно законите во државата и да започне да ги спроведува препораките од УНЕСКО за заштита на градот Охрид.

Георгиески или излези од својот кабинет, или поднеси оставка!

Функцијата градоначалник не ја заслужуваш.

Доколку се плашиш за својот живот, а мора да ги испорачаш фактурите од непринципиелните коалиции кон оние коишто те донесоа на власт, веднаш да си поднесеш оставка.

Однесувањето на Георгиески е лицемерно и нема храброст да се справи со урбаната мафија.

Охриѓани не заслужуваат уплашен градски татко.

СДСМ и Георгиески само одобруваат нови дивоградби без никакви заложби за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство на Охрид.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.