23/11/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ е синоним за свиткана кичма, рекет, партиски вработувања и урбана мафија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на Градскиот плоштад во Охрид, на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„Македонија не заборава за сите неуспеси и афери на власта на СДСМ и Зоран Заев.

Што направија три години откако се власт во Македонија?

Државата тоне, Охрид не оди напред, а граѓаните страдаат откако станавме хибриден режим.

Власта на СДСМ е синоним за свиткана кичма, рекет, партиски вработувања и урбана мафија.

Со СДСМ имаме мачен живот, погазено национално достоинство и распродажба на името, јазикот, историјата, на нашиот идентитет.

Граѓаните се изневерени од СДСМ поради економското фијаско, капитулацијата во здравствениот систем, разурнатото образование и неостварувањето на стратешките интереси. Власта наместо да се справи со сите проблеми ја злоупотребува здравствената криза и дели пакети во вид на поткуп.

СДСМ и Георгиески се главни виновници за пропаднатата туристичка сезона. Туристичките работници и угостителскиот сектор се оставени на милост и немилост. Граѓаните се обесправени, понижени и несигурни.

Заев и СДСМ свесно не се сеќаваат, но Охрид и Македонија не забораваат на неостварените ветувања за живот.

Се наоѓаме пред голема одлука, а од нас сите зависи судбината на државата и таа е во нашите раце. Изборот е кристално јасен. Наместо измами, ни треба напредок.

Да избереме обнова која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, наместо кризи кои ги создава власта на СДСМ.

На граѓаните им е доста од СДСМ и Зоран Заев, да застанеме на страната на Македонија.

СДСМ тргна на пат во опозиција, а на Македонија и следи обнова.

Охрид и Македонија не забораваат и на 15 јули ќе победат убедливо заедно со ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја слават најголемата победа во историјата. А за СДСМ нема бегање од одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за Обнова на Македонија!“ – истакна Божиновски.