ВМРО-ДПМНЕ: Замислете СДСМ предлага да се укинат постоечките факултети за компјутерска наука и инжинерство
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес пред УИНТ „Св.Апостол Павле“ одржа прес-конференција, на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.
„СДСМ и Зоран Заев застанаа на патот на иднината на младите и развојот на образованието во Охрид и Македонија.
Власта на СДСМ создава правна несигурност и страв за сопствената иднина кај вработените и студентите кои не прифаќаат трансформација на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“.
Дали вицепремиерката Мила Царовска знае што се случува во реалноста и за што се залага пратеничката Жаклина Лазаревска или беше на партиска агенда кога го посети Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“?
Како МОН и Царовска креираат концепт за дуално образование приспособен на локални услови кога се укинуваат факултети од техничките струки и професии?
Кога имаме компјутеризација и дигитализација замислете СДСМ предлага да се укинат постоечките факултети за компјутерска наука и инжинерство.
Од една страна СДСМ и Заев предлагаат Закон за Универзитетот со цел продуцирање кадри за заштита на културно наследство, а од друга страна СДСМ и градоначалникот Георгиески ништо не преземаат за решавање на проблемот со дивоградбите и заштита на статусот на Охрид во УНЕСКО. Крајно лицемерно!
СДСМ криејќи се зад превезот на УНЕСКО и Светиклиментовиот Универзитет докажуваат дека својот личен интерес го ставаат пред интересот на студентите и градот.
ВМРО-ДПМНЕ апелира да се слушнат забелешките на студентите и професорите, а ставот ќе го изгради по одржување на јавната расправа.
Ако сакаме вистински реформи во образованието и ги следиме потребите на пазарот на трудот во Македонија тогаш сите заложби треба да бидат насочување на младите повеќе кон техничките науки, а не спротивно. СДСМ и Заев не спроведоа никакви реформи и единствено што сакаат е да го уништат веќе направеното во образованието. По 12 април доаѓа обнова на образованието!“ – истакна Божиновски.
WebOhrid