ВМРО-НП бара од Владата да го поништи Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство
ВМРО – Народна партија од Охрид, согласно својата партиска програма која во неколку наврати во минатото ја престави пред граѓаните на Охрид, бара од Владата на Република Македонија да го поништи Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.
„Имено, овој закон го донесе претходната власт на ДПМНЕ уште во 2011 година, со цел да се опструира работата на Локалната власт која во тој период не беше од партијата на власт на централно ниво.
Со носењето на овој закон, охриѓани не видоа никаква корист и напредок туку само опструкции и усложнување на постапката за добивање градежна дозвола и за истата беа приморани да се обраќаат во Министерство за транспорт и врски наместо во Локалната самоуправа во Охрид.
За таа цел, како партија бараме од Владата да се укине овој закон и за овој дел на Охрид да важи постоечкиот закон за градба, а со цел побрз економски развој на Општина Охрид.“ – стои во соопштението на ОК ВМРО – Народна партија Охрид.