ВМРО-НП Охрид ќе поднесе предлог иницијатива за изградба на Музеј на Езерото
ВМРО – Народна партија од Охрид ќе поднесе предлог иницијатива за отпочнување со изградба на Музеј на Езерото.
„Целта на овој проект ќе биде едукација на младите поколенија за тоа какво богатство низ флората и фауната поседува Охридското Езеро.
Со овој проект, сите ние како жители на овој регион ќе придонесеме за негова заштита и зачувување на езерото, како на идните генерации би оставиле еден природен и недопрен биорезерват со ендемични врсти на флора и фауна и секако ќе претставува нова туристичка понуда.
Локацијата ќе бараме да ја обезбеди Локалната самоуправа.“ – стои во соопштението од ВМРО-НП Охрид.