22/11/2024
Охрид

ВМРО – НП Охрид со честитка за Божиќните празници

ВМРО – Народна партија, Охрид упати честитка до граѓаните по повод Божиќните празници.

„Новата верба и новата надеж кои претстојат пред нас за да изградиме современо заедничко општество треба да ни бидат водилка во натамошниот развој. Единството, почитта и соживотот кои секојдневно треба да ги практикуваме да бидат нашиот заштитен знак како народ и како држава.

Во вакви динамични и модерни времиња никако не смееме да ја заборавиме традицијата. Традиционалните вредности да бидат духовна и морална основа на нашето општество.

Рождеството Христово нека ни донесе радост, среќа, здравје и успех во секој дом. Посакуваме сите граѓани во семејна благосостојба и мир да ги поминат празниците. Семејните вредности мораме да ги негуваме и да ги издигнуваме до совршенство.

Христос се роди! На многаја лета!“ – стои во честитката.