Во битолската Магаза, изложба за Тоше
Во Битола во Магазата од 13.11.2018 до 21.11.2018 година ќе биде поставена изложбата „Животното дело на Тоше“. Ќе бидат изложени фотографии од Тодор Проески и неговиот животен опус, како и фотографии од Националната установа…
Ќе биде презентиран и дел од продажниот асортиман што го поседува НУ „Спомен-дом на Тодор Проески“. Ќе се пуштаат песни од Тоше, ќе се презентира видеоматеријал изработен за Националната установа и презентација за животното дело на Тоше, како и она што го претставува меморијалниот центар на Тоше.