23/11/2024
Охрид

Во четврток ќе биде потпишан Договор за грант меѓу ЈУ НП Галичица и Фонд за природа Преспа – Охрид (ПОНТ)

После неколку месечните преговори и аплицирањето од страна на ЈУНП Галичица на повикот за финансиска поддршка објавен од Фондот за природа Преспа – Охрид (ПОНТ), во четврток на 24.01.2019, ќе биде потпишан Договор, со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП Галичица, во висина од 150.000,00 евра за 2019 година.

Договорот ќе биде потпишан меѓу извршниот директор на ПОНТ Миријам де Конинг и Васко Паскали, директор на ЈУНП Галичица.

Ова претставува иновативен пристап во финансирањето и работењето на заштитените подрачја, за што ПОНТ неодамна беше избран како победник на наградата Pathfinder за 2018 година која се доделува за извонредни и инвентивни решенија за заштитените подрачја.