Во домот на стружанец пронајдена дрога
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.О.(63) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 02.10.2018 во Струга полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле предмети со остатоци од кокаин.