Во два одделни случаи измамени охриѓани кои извршиле уплата преку апликација
На 26.11.2024 во 11:00 часот во СВР Охрид, 54-годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 730.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило на 15.11.2024, се преставило како претставник на фирма која работи со биткоини и дека е добитник на 15.000 долари како нивен корисник, а потоа му кажало дека за да ги подигне ќе треба да инсталира апликација преку која ќе се изврши наплатата, но дека прво ќе треба да изврши уплата на одредена сума на пари. Како што е пријавено, во два наврати тој ги уплатил парите за што подигнал и брз кредит од финансиско друштво. Исто така, според пријавеното, на 24.11.2024 им пишал на нивната електронска адреса со барање за инфо кога ќе ги добие парите, а откако го известиле дека биле заглавени во Народна банка, пишал и на официјалната електронска адреса на банката, од каде што добил известување дека тие не се нивни уплатници и дека највероајтно се работи за измама. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во друг одделен случај, на 26.11.2024 во 15:30 часот во СВР Охрид, 47-годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 6.000 евра. Според пријавеното, пред извесно време на една апликација отворил негов електронски паричник и уплатил 100 евра, но парите му пропаднале и не пријавил затоа што се работело за помала сума. Како што е пријавено, на 20.11.2024 на социјална мрежа забележал објава со понуда за враќање на украдени пари и се регистрирал, а по неколку дена му се јавило лицето и тој го запознал со неговиот проблем. Исто така, според пријавеното, по неколку дена лицето повторно му се јавило и го известило дека на неговата сметка во Народна банка имал заглaвени 15.630 долари и за да можат да ја извршат уплатата ќе треба да инсталира една апликација и да го зголеми лимитот во неговата банка на приближно иста сума колку што треба да му биде исплатено. Откако сторил како што му било кажано, забележал дека од неговата сметка биле направени две трансакции од 6.000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
WebOhrid / 27.11.2024 / СВР Охрид