Во два одделни случаи кај две лица пронајдена дрога во Струга
На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.08.2020 во 00.35 часот во близина на хотел во с.Калишта, струшко, полициски службеници од Полициска станица Струга го лишиле од слобода Д.М.(22) од Штип, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.