18/10/2024
Охрид

Во два одделни случаи охриѓанец одзел пари и лични документи од две повозрасни жени

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.М.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“  и „тешка кражба на дрзок начин“.

Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид турнал 84 годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди.

Исто така, пријавениот на улица „Богомолска“ на сличен начин од 65-годишна жена одзел чанта со пари и лични документи.


WebOhrid / 02.05.2024 / СВР Охрид