26/11/2024
Охрид

Во два одделни случаи пронајдена дрога кај охриѓани

На 29.06.2021 полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода М.Ѓ.(61) и Ѓ.Ѓ.(69), двајцата од Охрид. При извршен претрес во стан во Охрид, што тие привремено го користеле, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и 160 семки од растението канабис сатива. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.06.2021 полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода Б.М.С.(25) од Охрид, бидејќи во куќата во Охрид што тој ја користел, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.