Во два посебни случаи пронајдена дрога кај двајца охриѓани
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(23) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 22.08.2019 на ул.,,15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин, марихуана и метилен-диоксиметамфетамин (MDMA).
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Т.(29) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот, на 24.04.2019 на „Кеј Македонија“ на А.Г. му продал кокаин. После тоа, полициски службеници извршиле преглед над А.Г. , при што го пронашле и одзеле кокаинот.