Во Каменско отслужен последниот Акатист на Пресвета Богородица
На 23.03.2018 година, во навечерието во петокот од петтата седмица на Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужен последниот акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
По завршувањето на акатистот, со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Ѓорѓи Блажевски се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое го објасни потеклото на самиот чин на Акатистот, со посебен акцент на местото на оваа богослужба во животот на Црквата, но и во духовниот живот на сите православни христијани.