Во летниот период, почнувајќи од јуни комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот наутро
Согласно Програмата за работа за оперативната 2024 година, Ј.П. „Охридски Комуналец“ во летниот период, почнувајќи од месец јуни, собирањето, транспорт и депонирање на комуналниот отпад ќе го реализира од 06:00 часот.
Овие активности се преземаат поради зголемениот обем на работа и потребите кои се наметнати во летниот период.
WebOhrid / 06.06.2024 / ЈП „Охридски Комуналец“