Во населбата „Плитишта“ пронајдена дрога кај лице од Струга
На 21.01.2022 во ОВР Струга е приведен Б.Б.(41) од Струга. Тој, при преглед извршен од полициските службеници во 19,45 часот во струшката населба „Плитишта“, исфрлил една опаковка со кафеава прашкаста материја, која, е подигната и дадена на вештачење.
По целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.