Во недела во Центарот за култура во Охрид ќе се одржи хуманитарен настан „Артистите за Сара“
Драги сограѓани, со цел да се помогне да се обезбедат средства потребни за пресадување коскена срж на нашата сограѓанка Сара Настеска, која боледува од Anemia Aplastica, болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, Центарот за култура „Григор Прличев” организира голем културен настан наречен „Артистите за Сара”, со многу музика, стендап и кабаре.
Настапуваат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Јован Куциноски, Јане Тодороски, Зоран Донев/Јован Цветкоски/Илија Богданоски/Никола Сиљаноски/Јордан Коцевски.
Картите по цена од 200 денари, можат да се купат на билетарницата на Центарот за култура, секој ден од 10:00 до 20:00 часот.
Настанот ќе се одржи во недела (04 ноември), во Големата сала на Центарот за културА во Охрид со почеток 20:00 часот.
Да ја покажеме уште еднаш хуманата страна на Охрид!