Во недела започнува зимското сметање на времето
Зимското сметање на времето почнува на 27 октомври во недела со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад, со што 03:00 часот по полноќ ќе се смета како 02:00 часот.
Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март 2020 година.
Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската унија. Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.