23/11/2024
Охрид

Во Охрид ќе биде отворена изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“

На 15ти октомври (понеделник), со почеток во 12 часот во изложбениот салон во НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид, ќе биде отворена изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“.

Изложбата е дел од проект кој се однесува на примена на дигиталните содржини во наставата при изучувањето на историјата на Евреите на Балканот од 20-тиот век и холокаустот, кој во Македонија се рализира од 2012 година со поддршка од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Изложбата за прв пат беше отворена во Скопје на 25 јануари 2018 година во Министерството за надворешни работи, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите на холокаустот.