Во Охрид ќе биде прикажан документарниот филм посветен на лауреатот Загајевски
Во петок на 1 март од 19 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде прикажан документарниот филм посветен на минатогодишниот лауреат на Струшките вечери на поезијата полскиот поет Адам Загајевски.
Во филмот кој е автопортрет на поетот преку луцидни прашања и одговори Загајевски ја презентира својата поезија и поетика.
Комплетен автор на документарецот е Диме Ратајкоски а филмот е заеднички проект на МТВ и СВП.
Премиерата на документарецот се случи во Скопје неодамна, а филмот по Охрид наскоро ќе биде прикажан и во други градови низ државава.