23/11/2024
Охрид

Во Охрид ќе се сретнат 38 учесници во рамки на проектот „Зајакнување на малцинствата“

Во Охрид утре ќе се одржи средба на 38 учесници кои ќе го посетат градот Охрид, во рамки на студиската посета на проектот „Зајакнување на малцинствата“, како дел од Еразмус плус програмата. Станува збор за една од трите фази на погоре споменатиот проект, кој е имплементиран од страна на организацијата „ДЕА“ од Албанија.

Учесниците за време на својата посета ќе имаат можност да се запознаат со работата на повеќе организации од Охридско – Струшкиот регион, поврзана со религиозните, етничките и малцинските теми во Република Северна Македонија.