23/11/2024
Охрид

Во Охрид настап на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечерва со почеток во 20 часот концерт ќе одржи симболот на македонската култура, Ансамблот за народни игри и песни „Танец“. Како предгрупа на ансамблот „Tанец“ ќе настапат и фоклорниот ансамбл „Бисери“, а специјален гостин на вечерта е музичкиот изведувач Сузана Спасовска …

На програмата се значајни кореографии од нашето богато етнокореолошко наследство и тоа: Невестинско оро, Чифте Чамче, Лазаренки, Осоговка, Копачка, Шопска Петорка, Велигденско оро, Пирински блок, фрагменти од Тресеница и друго.

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Повеќе од шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство.