27/12/2024
Охрид

Во Охрид одржано 12-то Државно првенство на Бармени на Македонија

Годинава по 12-ти пат на едно место се соединија сите врвни бармени од Македонија. Квалитетот и талентот на пријавените учесници не можеше да остане незабележан од сите присутни.

Во две етапти на 26 и 27 март 2019, се одржаа бројни едукативни семинари, предизвици на кои требаше професионално да се одговори и секако главниот натпревар на кој се одбраа најдобрите меѓу пријавените.

„Локација на одржување на дводневниот настан беше импозантниот хотел Su, како и Liquid Boutique Bar & Kitchen лоциран во Su Hotel. Во фантастична околина, со неверојатна услуга и одлична организација потврдивме дека Македонија има достојни хотели за восхит.

На 26.03 се одржаa Schweppes, Monin и Diageo семинарите на кои како и секогаш бевме бомбардирани со нови информации и иновативни пристапи од светот на коктелиерството. Новитетите не запираат и никогаш не ги заокружуваат Државните првенства на Бармени.“- информираат од Асоцијацијата на бармени на Македонија.

На првиот предизвик одржан во првата етапа – Marie Brizard Tasting Challenge со победничките места се закитија:

  1. Васил Пеевски, Скопје
  2. Даворин Димовски, Скопје
  3. Љубен Богдански, Скопје

„Вечерта ја преселивме енергично во Liquid Bar каде на тест ја ставивме брзината на сите натпреварувачи. Говориме за Red Bull Speed Round трката, на која имаше доста забава и супер атмосфера меѓу сите присутни. Најбрзите секако ги заслужија своите места:

  1. Љупчо Јаковлевски, Охрид
  2. Васил Пеевски, Скопје
  3. Денис Зибери, Скопје

Во втората етапа на 27.03 на тест беше последниот предизвик – Ketel One Martini Espresso. Овој предизвик ни донесе многу измешани вкусови, неверојатно креативни коктели и гордост поради знаењата со кои располагаа сите бармени. Заслужена победа издвои Љубен Богдански од Скопје.

Помеѓу паузите уживавме во врвните кулинарски достигнувања од персоналот на Liquid Boutique Bar & Kitchen – бургери кои никого не оставија рамнодушен и се освеживме со најпознатото пиво во светот Heineken.

Се случија уште два семинари Roastery еспресо семинарот и Fantinel Prosecco кои светот на баристите ни го доближија со неверојатен пристап и меурчињата од шампањот ни го покренаа расположението на уште повисоко ниво.

По сумирање на собраните поени и покажани резултати се случи Финалето – Класика припрема на Sparkling Cocktails. Софистицираност, елеганција и врвна професионалност – клучните зборови кои ни ги донесоа шампионите.

Со гордост изјавуваме дека Васил Пеевски од Скопје е победникот на 12-то Државно Првенство на Бармени на Македонија. Васил по втор пат ќе ја претставува нашата држава, оваа година на Светското Првенство на Бармени кое ќе се одржи во Кина.

Второто место му припадна на Љубен Богдански од Скопје, додека третото место го заслужи Даниел Новиќ од Скопје. Барменот кој ни покажа најдобра техника е Никола Цоневски од Скопје.“- додаваат од Асоцијацијата на бармени на Македонија.