Во Охрид премиера на претставата „Метод“ од Жорди Галсеран
Народниот Театар Охрид премиерно пред охриѓани ќе ја одигра претставта „Метод” од Жорди Галсеран, во режија на Ирена Стеријовска.
Премиерата ќе се одигра на 10 ноември (сабота), на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20.00 часот. Билетите за премиерата чинат 300 денари. Претпремиерата ќе се одржи на 9ти ноември (петок), во 20:00 часот. Билетите за претпремиерата чинат 200 денари, а собраните средства од предпремиерата ќе бидат донирани за помош на Сара Настеска на која и е потребна трансплантација на коскена срж.
Инаку, „Метод“ е приказна што се случува сега, на илјадници места. Во неа се зборува за новиот свет полн со замки, трикови и големи очекувања. Свет во кој се е на дофат ако се плати вистинската цена. Тука човечките чувства се валута со која најлесно се тргува.
„Оваа претстава зборува за последносто интервју на финалните четри кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата слика”?“ – вели режисерката Стеријовска.
Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов. Идејно решение за сценографија Стефан Спировски, а костимографијата е на Ана Кркулеска Попоска. Изборот на музика го направи Ирена Стеријовска, а композитор на темата “Tango Mastergame” е Ермаљ Мехмети.