Во Охрид претставен творечкиот опус на Валерио Орлиќ, истакнат поет од Хрватска
Како дел од големата турнеја по Македонија и Албанија, како и неговата земја, денеска во Охрид, беше претставен творечкиот опус на Валерио Орлиќ, истакнат поет од Хрватска.
Настанот беше во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, при што беше промовира и неговата најнова збирка поезија „Љубов распослана по морето“.
За поетското создавање, пред љубителите на поезијата, како и поети од Охрид и Струга, говореше Веле Митаноски, новинар, публицист и поет од Охрид.
„Некои се Господари на прстените, но нашиот себествојсвен Валерио е „Господар на своето време” (истоимена збирка од 2003-та година) на својот стих. Тој може да живее и во државната метропола Загреб, но Ријека му “више паше”. Од Риека помалку се гледа, како политички подобните, воопшто и во литератураат, незаслужено профитираат, не сака да биде дел од таа “непотистичка пајакова мрежа”. За уметноста се живее – од уметноста не се живее, рече Митаноски.
Поетите често пеат и сонуваат за слободата. Поетите не признаваат окови. На вистинските поети, поезијата им доаѓа како дух на животот. Орлиќ, низ песните, е во потрага по својот душевен мир, неговата слобода е исконска и поетски вдахновена, додаде Митаноски.
Покрај во Охрид, Орлиќ ќе биде претставен и во Битола на 31 мај, а во меѓувреме, ќе учествува на поетскиот фестивал “Поетски вечери” во Корча Албанија, од 28 мај.
Орлиќ е добитник на низа домашни и мегународни признанија за неговиот придонес во книжевноста во Хрватска,. Македонија, Италика, Словенија, Србија, Бугарија, Полска, Унгарија и други земји.
Мегу другите и на Мегународната награда „Хомер“ за придонес во европската и светската книжевност – Брисел, 2018.
Од 2018 година го носи признанието “Витез на светската поезија”.
Кај нас на „Балканската награда за поезија“ на 46-ите Караманови средби во Радовиш (2019), како и на „Струшко слово“ Струга, 2015 и „Слово“ Битола, 2016.
Орлиќ е основач и почесен претседател на Хрватското книжевно друштво, почесен член на Здружението на независните писатели на Бугарија, на Националната инија на писателите на Украина, како и на Академија Презент од Скопје, Македонија.
Покрај во Скопје, Охрид и Битола, Орлиќ беше специјален гостин на чествувањето на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, мегу етничките Македонци во Албанија, при што беа одржани низа промоции на книги и поетски читања од страна на автори од Македонија и Албанија.