Во Охрид проджуваат летните активности на МАНУ: Од утре – Охридска школа по природно право
МАНУ, дел од своите активности, веќе ги префрли во Научниот и истражувачки центар во Охрид, во Куќата на Уранија (МАНУ).
Денеска заврши правата манифестација – Работилницата на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика, при МАНУ, како прва активност од традиционалната манифестација – Научната и уметничка визита на МАНУ – Охрид 2019” .
Веќе од утре, стартува, традиционаланата, годинава петта по ред, Охридска школа по природно право, која ќе трае до 7 јули.
На годинешната школа ќе се дискутира за „Предизвиците во реформата на правниот, политичкиот и безбедносниот систем во Република Северна Македонија“.
На отворањето на Охридската школа по природно право, утре, ќе се обратат Челси Шинор, правен советник на Амбасада на САД Скопје, академик Таки Фити, претседател на МАНУ, Арбер Адеми, министер за образование и наука и академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.
Свои излагања на школата ќе имаат врвни експерти од областа на правото, економијата и науката од земјава и регионот, како и претседателот на Собранието Талат Џафери.
Непосредни организатори се Охридска школа на природното право, односно Центар за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“.
До крајот на јули, во рамките на Научната и уметничка визита – Охрид 2019, ќе се одржи Изложба на стари фотографии од Курт Хејлишер, со почеток од 9 јули, потоа The Art of Power, оперска ноќ со Влатко Груевски – тенор и Андреја Наунов – уметнички соработник, пијано ( 15 јули),како и предавање на акад. Шабан Синани, потпретседател на Албанската академија на науките: „Кочо Рацин – Никола Ѓерѓ Миѓени, една балканска поетска паралела“ (26 јули).
Во рамките на летните активности на МАНУ, на истотоместо, во во Куќата на Уранија во Охрид, на манифестацијата Научна и уметничка визита Охрид – 2019, која трае и во август, ќе се одржуваат научни средби, изложби и промоции на членовите и центрите на МАНУ.
Веле Митаноски