Во Охрид се одржува Летниот камп на партнерските училишта на Гете – Институт
Во Охрид во тек е Летен камп на во организација на Гете-институт Скопје, на кој учествуваат 33 ученици од партнерските училишта од Македонија, Албанија и Косово, меѓу кои е и ОУ „Григор Прличев“ – Охрид.
Во рамките на проектот, на креативен начин ќе се унапредуваат јазичните и музичките способности на учесниците. На програмата се наоѓаат работилници кои гиводат професионални референти од Германија од областа на музиката како и разновидни активности во слободното време. Програмата поттикнува младинска размена и созадавње на меѓународна заедница за учење со посебна врска кон Германија, германскиот јазик и култура. На крајот од кампот е предвидена завршна манифестација, на која учесниците ќе се претстават со музички точки како финален производ на работилниците од кампот. Истата ќе се одржи на плоштад Амам, на 22.06.2018 со почеток во 18:00 часот. Претставата е бесплатна.